Еден човек од државата Њујорк ја „победил“ сметката на веројатноста освојувајќи милион долари на лотарија по вторпат.
Роберт Хамилтон во Индијанаполис за три месеци два пати ја освои добивката на лотарија. Вели дека првиот милион ќе го искористи за да ги врати сите финансиски долгови, да купи куќа за него и неговата сопруга, отиде на одмор и да инвестира во бизнисот.
Втората победа и милион долари ќе ги користи за да си купи мотор, ова се плановите за Хамилтон.
Луѓето кои два пати добиле на лото се ретки, но тоа и порано се случувало.
Британскиот пар Дејвид Лонг и Кетлин Мекензи од Велика Британија освоија 1,4 милион евра првиот пат, а вториот пат по две години повторно добиле премија. Овој среќен пар по првиот милион уште живел во истата куќа, како и претходно, но откако добиле уште еден милион, испланирале нова куќа и крстарење.