Добро да се знае: Во овие случаи полицаец може да употреби сила


Средства за присилба  се: физичка сила, полициска палка, средства за врзување на лица, уред за присилно запирање на возила, службено куче, хемиски средства, огнено оружје, како и посебни видови на оружје и експлозивни средства.

Rusija-hapsenjeСредствата за присилба можат да се употребат, ако целта на постапувањето на Полицијата не може да биде остварена на друг начин. Забранета е примена на средства за присилба заради изнудување на признание или изјава. Полицискиот службеник секогаш ќе употреби средство на присилба со кое со најмалку штетни последици ќе ја оствари целта така што пред секоја употреба на средства за присилба полицискиот службеник доколку за тоа постојат услови, се легитимира и јасно го предупредува лицето за употребата на средствата.

Кога се исполнети условите за употреба на средства за присилба лицата спрема кои ќе се применат овие средства нема да се предупредат, доколку со даденото предупредување би се довело во прашање извршувањето на полициските работи. Полицискиот службеник е должен да престане со употреба на средството за присилба, веднаш штом ќе престанат причините поради кои дошло до негова употреба и е должен да обезбеди помош и медицинска нега на повреденото лице спрема кое е употребено средство за присилба во најкраток можен рок, доколку е тоа неопходно и ако тоа го дозволуваат околностите.

Употреба на физичка сила 

Под употреба на физичка сила, во смисла на овој закон, се смета употребата на различни зафати, боречки вештини или на нив слични постапки врз телото на друго лице, кои имаат за цел одбивање на напад, спречување бегство на лице или совладување на отпорот од тоа лице.

Police charge at demonstrators outside the the Spanish parliament in MadridУпотреба на полициска  палка

Употребата на полициска палка е дозволена кога со употреба на физичката сила полициските работи не можат да бидат извршени.

Употреба на средства за врзување на лица 

Средствата за врзување на лица се употребуваат заради:
1) спречување на отпор на лица или одбивање на напад насочен спрема
полицискиот службеник;

2) спречување на бегство на лица и

3) оневозможување самоповредување или повреда на други лица.

Полицискиот службеник вообичаено му ги врзува рацете на лицето зад неговиот грб.

Употреба на уреди за присилно запирање на возила 

Уреди за присилно запирање на возила се применуваат заради:

1) спречување на бегство на лице кое е затечено во извршување на кривично дело
кое се гони по службена должност;
2) спречување на бегство на лице кое е лишено од слобода или за кое има
издадено наредба за лишување од слобода;
3) спречување на незаконито преминување на државната граница со возило и
4) спречување на недозволен пристап на возила до објекти или подрачја каде што
се наоѓаат лица кои ги обезбедуваат полициските службеници.

policijaУпотреба на службено куче 

Службеното куче се употребува како средствo за присилба во случаите кога:

1) се исполнети условите за употреба на физичка сила или полициска палка;
2) се исполнети условите за употреба на огнено оружје и
3) се воспоставува нарушен јавен ред и мир.
Во случаите кога се исполнети условите за употреба на огнено оружје службеното куче може да се користи и без заштитна корпа, а во сите други случаи само со заштитна
корпа.

Употреба на хемиски средства

Употребата на хемиски средства е дозволена , во случаи на воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, како и заради извлекување на лица од затворен простор или заради решавање заложничка ситуација, при што не смее да се загрози животот и здравјето на граѓаните. Хемиски средства можат да се употребат и во случаите кога се исполнети условите.

Употреба на огнено оружје спрема лица

policija zeleznickaПолицискиот службеник е овластен да употреби огнено оружје кога е тоа апсолутно неопходно и кога со употреба на другите средства за присилба полициските работи не можат да бидат извршени. Полицискиот службеник е овластен да употреби огнено оружје кога на друг начин и со употреба на другите средства за присилба не може:
1) да го заштити својот живот или животот на другите луѓе;
2) да спречи извршување на кривично дело за кое може да се изрече казна затвор во траење најмалку од четири години;
3) да спречи бегство на лице затекнато во извршување на кривично дело за кое може да се изрече казна затвор од десет години или потешка казна или лице за кое е распишана потерница заради извршено такво кривично дело;
4) да се спречи бегство на лице лишено од слобода заради извршено кривично дело од точката 3 на овој став или лице за кое е распишана потерница заради бегство од издржување на казна затвор за такви кривични дела и
5) да се спречи напад врз објект или личност што се обезбедува.

Пред употребата на огненото оружје, полицискиот службеник ќе упати усна наредба и предупредување “стој, полиција!”, а потоа и втора наредба и предупредување
“стој, ќе пукам!”

Пукање во воздух заради сигнализација, барање помош и застрашување, како и пукање во животни кога тие го загрозуваат животот на луѓето, не се смета како употреба на огнено оружје

–ПРАВДИКО–

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1