Деновиве од станица за технички преглед во Сарај, Скопје, се украдени бланко сообраќајни дозволи, печат на МВР и други формулари и документи.
Во селото Сарај-скопско во станица за технички преглед од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба. Крадецот со насилно отварање на влезната врата, извршил пребарување низ сите простории и шалтери при што украдени биле 300 поништени и 200 бланко сообраќајни дозволи, еден печат на МВР и останати формулари и документи.
Печатот бил чуван во сеф и истиот е одземен откако е насилно отворен сефот, а сите одземени сообраќајни дозволи се наоѓале во метална каса која до сефот.