По сите турбуленции во нивниот живот, бракот на Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Рашо повторно е ставен на испит. Имено, сега Ивана Станиќ од Белград изјавува дека е трудна, а татко на детето наводно е сопругот на Гоца.
-Бремена сум со Рашо на Гоца. Ќе им го уништам бракот. Гоца не може да затрудни, а јас ќе му родам син – изјавила на српски „Свет“, Ивана Станиќ.
Таа додала дека тој постојано ѝ праќал перверзни пораки и дека нонстоп сакал да спие со неа и дека никогаш не ѝ бил верен на постарата сопруга.