Додека Пинк не се извини за БЈРМ, не смее да емитува во Македонија


Тотал ТВ нема да ги емитува каналите од Пинк групацијата затоа што Советот за Радиодифузија побарал од нив привремен прекин се додека Пинк групацијата не и се извинела на Република Македонија за користењето на терминот БЈРМ.

pinkПокрај извинувањето, СРД бара од Пинк и исплата на долгот кон СРД, како и исплата на заостанатите плати на вработените од Пинк 15 во Македонија, се вели во соопштението до јавноста на Тотал ТВ.

-Советот за Радиодифузија во допис до нас не информираше дека се додека Пинк не се извини на РМ за користењето на терминот БЈРМ, не ги исплати заостанатите плати кон вработените од Пинк15 и не го надмири долгот кон СРД нема да може, како регулатор да изврши регистрација на телевизиски програмски пакет од Пинк Медиа Груп, известуваат од Тотал ТВ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1