zastrelana oci16 – годишната девојка во саботата навечер задремала на креветот во дневната соба, кога од автомобил кој минал покрај нејзината куќа биле испукани куршуми, изјавил портпаролот на полицијата во Сиетл, Марк Џемисон.

Неколку куршуми го пробиле ѕидот, додека еден минал низ прозорецот и удрил во рамката од нејзините очила. Девојката претрпела полесни повреди и е во болница.

„Имала голема среќа“, додава Џемисон. Уште некои членови од семејството во тој момент биле дома, но никој друг не е повреден.
Полицијата верува дека станува збор за пресметка меѓу две банди, дека девојката не била цел на нападот. Се уште никој не е уапсен.