Порнографските сајтови вредно ги собираат сите податоци во врска со своите корисници и ги проучуваат нивните онлајн навики за да ги претворат во муштерии кои плаќаат.
Само за 24 часа после Super Bowl, PornHub – најголемиот бесплатен сајт со порнографски материјал, објави податоци кои покажуваат дека на подрачјето на Денвер, од каде беше еден од тимовите, на почетокот на натпреварот гледањето на порнографска содржина било 51% под просекот, но како тимот од овој град почна да губи, гледањето на порнографија скокнало на 10.8% над просекот.
Бројките во врска со фановите од Сиетл, градот чиј тим победи на Super Bowl, покажуваат дека тие биле презафатени со славење за да гледаат порнографија, па така таму било забележано намалување од 17.1% во однос на просекот.
Иако се помалку комични, овие податоци ни даваат увид на две застрашувачки работи.
Прво, се работи за доказ дека поголемиот дел од мажите не гледаат порнографија кога се среќни, туку кога се најранливи.
Второ, овие податоци покажуваат дека порнографските сајтови собираат податоци во врска со корисниците, ги проучуваат нивните навики и ги бројат нивните кликови.
Дококу мажите кои гледаат порнографска содржина мислат дека освен нив, никој не ги гледа, грешат.
До октомври минатата година PornHub беше во сопственост на германскиот милионер Фабијан Тилман. Преку својата компанија Manwin, во чија сопственост се наоѓаат неколку порнографски портали кои остваруваат заработка од 100 милиони долари годишно, Тилман претстави особено исплатлив бизнис модел каде содржината наизглед е бесплатна, но со цел да претворт мал процент од милион корисници во муштерии кои плаќаат.
Manwin, компанијата со која Тилман пред неколку месеци се раздели, заработува од посетителите на порнографските сајтови обрнувајќи внимание на деталите.
Дали некогаш сте се запрашале зошто и понатаму ви стигнуваат мејлови во кои ви нудат да купите Вијагра?
Некаде, на северот, некој следи, бележи и надгледува, и тоа не ја следи само вашата IP адреса, туку секоја активност – работите на кои кликате и колку време трошите на тоа.
Статистиката покажува дека на крајот, барем 10% од корисниците на порнографскте сајтови биле поготведни да платат.