Договорено во Пржино – Нов министер на МВР ќе е Албанец


Артан Груби кој е преговарач во Пржино од редовите на ДУИ изјави дека меѓу партиите било договорено нов министер за внатрешни работи да биде албанец.

Според Груби тоа ќе биде сегашниот заменик министер.По завршувањето на изборите заменик министерот во МВР од ДУИ ќе го преземе министерското место во полицијата. Техничкиот министер од СДСМ по изборите ќе се повлече без разлика на резултатите од изборите.

Новиот министер за внатрешни ќе има право да донесе само 15 кадровски измени. Носењето на законот за внатрешни работи и надлежностите на министерот за внатрешни работи се одложува до 1 јануари 2017 .artan grubi

Партиите ќе треба да се соберат на лидерска средба до 31 август за да се договорат за имплементација на договореното и да одредат дата за изборите.

4 политички партии ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ И ДПА се договориле 100 дена пред изборите да има нова преодна влада која ќе има задача да спроведе избори. Опозицијата ќе го предложи и новиот главен и одговорен уредник на МРТВ, медиумите ќе се мониторираат 100 дена пред изборите, а договорено е и спорните гласачи да добијат јавен повик за да го верифицираат своето гласачко право.

Се уште не е ставен потпис за точната дата за избори, таа ќе треба да ја договорат до 31 август, но се повеќе се споменува како се поизвесен датум 11 декември.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1