Дојава за подметната бомба во средното училиште Арсениј Јовков во Скопје


arseni jovkov 1– Засега непознато машко лице пополаднево околу 14:30 часот се јавило во Центарот за управување со кризи и пријавило дека во средното училиште „Арсениј Јовков“ во Скопје има подметнато бомба.

Како што информираат од МВР, Центарот веднаш ја известил полицијата, по што е известена единицата за антитероризам која направи проверка во училиштето по што е утврдено дека дојавата била лажна. За безбедност на учениците тие по дојавата се ослободени од часовите.

Се работи и на утврдување на идентитетот на лицето и на целосно расчистување на случајот.

Фото – Курир

arseni jovkov2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1