Дојдоа жештините – температури до 33 степени – исто и за 1 мај


Иако летото календарски се уште не е започнато, сепак последниве денови поради африканскиот бран кој ја погоди земјава имаше температури и над 30 степени.

sunnyДенес ќе биде сончево и многу топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југоисточен и источен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 14°C, а максималните дневни температури од 23°C до 32°C. УВ индекс 7.
Во вторник во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од 9°C до 24°C, а максималните дневни температури од 24°C до 33°C. УВ индекс 7.
Во среда ке биде сончево и многу топло. Слаб ветер со променлив правец. Утринските температури од 9°C до 24°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 24°C до 33°C. УВ индекс 7.

За први мај, метеоролозите прогнозираат претежно сончево време со температура дури до 33 степени. Попладне, можно е дестабилизација на времето особено во западните делови од земјата, каде се очекуваат врнежи од дожд и грмотевици.

Weather4all.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1