Дојран за претстојното лето остана без плажи


Поголемиот дел од постоечките плажи во Стар и во Нов Дојран се под вода, па концесионерите и општината ќе мораат да го преуредат просторот за да ги примат туристите во новата сезона, пишува Нова Македонија

Двете најпознати плажи во Нов Дојран, Калдрмата и Алекс бич, речиси и не се познаваат, а ист е случајот и со градската плажа каде што водата стигна до бетонскиот ѕид.

Гевгелија нет

Гевгелија нет

Според градоначалникот Борче Стамов, ќе се премести и новото детско иргалиште кое општината лани го постави за да се отвори нов простор за плажа.

Од општината велат дека од кога е почната со работа Управата за хидрометеоролошки работи не е измерено повисоко ниво од сегашното кое е исто како нивото на езерото измерено во 1963 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1