Доказ за посетата на вонземјаните на нашата планета стар неколку векови има во Србија, односно на Косово во манстирот Високо Дечани, тврди швајцарскиот новинар Ерих Фон Даникен.Според него тоа е отсликано на фреската Распетието Христово, во манастирот Високо Дечани на Косово и Метохија.
– Таа фреска е фасцинантна и јас многу години порано укажував на тоа. Просто е неверојатно тоа што многу научници зборуваат за теориите за постоење на вонземјани, а никој не го споменува наjконкретниот доказ за тоа кој што се наоѓа во српскиот манастир Високо Дечани изјави Даникен.
Ерих Фон Даникен е швајцарски новинар, писател, уметник и мистериолог кој со своите дела тврди дека вонземјаните ја посетиле нашата планета уште во средниот век.