Докажано: Дебелите мажи се подобри во кревет


Научниците во Турција заклучиле дека дебелите мажи се подобри љубовници од слабите и дека оние кои имаат стомаче се повеќе издржливи.

fat-man-sex-abilityТака, сексот со нив трае 7,3 минути додека секс со слаб маж трае само 1,8 минути. Исто така, Турците утврдиле дека слабите мажи се помалку вешти во креветот, за разлика од дебелите кои подобро знаат да ја задоволат жената. А, една од причините е тоа што имаат помалку проблеми со предвремената ејакулација.

Научниците тврдат дека за овие резултати се заслужни наслагите од сало на машкиот стомак кои на дебелите мажи им помагаат да постигнат хормонска рамнотежа. Имено, мажите со вишок на килограми имаат повеќе женски хормон естрадиол, кој е еден облик на естроген.

Научниците веруваат дека баш тој хормон влијае на рамнотежата на хемикалиите во мозокот кои ја контролираат ејакулацијата, па ниското ниво на женски хормони кај мажите може да создаде проблем на ова поле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1