Над 50 илјади Германци без знаење биле заморчиња за фармацевтската индустрија


Повеќе од 50 илјади лица од поранешната Источна Германија биле искористени како заморчиња за западните фармацевтски компании, често без нивните знаења а некои притоа ги загубиле и животите, вели  неделникот Der Spiege повикувајќи се на досега непознати документи на источногерманското министерство за здравство, како и на Германскиот институт за лекови.

apcinjaВо досиејата се споменуваат двајца починати во Источен Берлин во текот на тестирањата на „Трентал”, производ за подобрување на циркулацијата на крвта, на западногерманската компанија „Hoechst” дополнително споена со „Sanofi” или, пак, двајца починати во близина на Магдебург при испитување на лекови против висок крвен притисок за „Sandoz” кој подоцна го купи швајцарската компанија „Novartis”.

Честопати пациентите не биле во можноста да дадат писмена согласност, како на пример триесетина предвремено родени бебиња на коишто бил тестиран EPO по барање на западногерманска компанија во берлинската Болница на милосрдието или, пак, алкохоличарите во делириум на коишто им бил даван „Нимодипин” на компанијата „Bayer” за подобрување на циркулацијата на крвта во мозокот.

Според Der Spiegel, лабораториите нуделе до 800 илјади тогашни германски марки, денешни 400 илјади евра, по испиување.

На прашање од магазинот, споменатите фармацевтски компании нагласиле дека тоа се случувало многу одамна, како и дека, начелно, испитувањето на лековите подлежи на многу стриктен протокол.

Makfax

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1