Убеден сум дека изборите ќе се одржат на 12 април… Доколку Собранието не се распушти до недела влегуваме во сериозна политичка криза, изјави претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој во гостување на емисијата Што не е јасно уште еднаш го повтори ставот на партијата за законот за јавно обвинителство, оценувајќи го како неуставен односно дека истиот нема да добие поддршка од ВМРО ДПМНЕ.