Доколку се заклучи најлошото, родителите на Дениса ќе бараат втора ДНК- анализа во Македонија


Информациите дека грчките надлежни органи ја завршиле ДНК- анализата  врз телото кое што беше пронајдено во водите од Егејското Море, а за кое постои сомневање дека е можно да е од исчезнатата прилепчанка Дениса Маркоска, предизвикаа бранувања кај прилепчани, кои сметаат дека родителите на Дениса, но и надлежните македонски органи задолжително треба да инсистираат на нови анализи во Македонија, јавува Сител.denisa-1-500

Инаку, според информации на Сител добиени од роднини на семејството на Дениса, родителите на девојката, кои денеска беа недостапни за јавноста, уште од синоќа биле информирани за тоа дека анализата е завршена и наводно, веднаш биле повикани во МНР во Скопје.

Телевизијата повикувајќи се на анонимни извори вели дека дека ставот на семејството е, независно од резултатите од ДНК-анализите направени во Грција, а особено ако се утврди дека тоа е телото на нивната исчезната ќерка, тие ќе бараат повторување на целата обдукциска постапка, овде во Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1