Доктор си ја уништил кариерата откако ѝ ги видел градите на својата пациентка


Жената, која исто така била во брак, ја прифатила играта. Прво допишување, па вечери во ресторани, и на крајот афера која овој респектиран дијабетолог и нефролог ќе го чини кариерата.

Ричард Смит бил еден од најценетите англиски експерти на подрачјето на дијабетис и бубрежни болести. Но, во екот на успехот на неговата кариера тој се нашол во центарот на сексуален скандал.doktor

Лондонски Телеграф пишува дека 53-годишниот доктор, кој инаку бил оженет доктор, пред две години во ординацијата ја примил анонимната пациентка, која му се пожалила на болки во грбот. Угледниот лекар ѝ кажал на жената да ја соблече својата маица и тогаш целата приказна се сменила.

Докторот пациентката ја познавал околу 4 години, но тој целосно ја изгубил главата по неа откако ја видел без градник.

Следната вечер, како што пишува Телеграф, пациентката ја добила следната порака:

“Не ми излегуваш од глава”

Жената, која исто така била во брак, ја прифатила играта. Тие најпрвин се допишувале, потоа оделе на вечери во ресторани, па започнала аферата, која овој угледен доктор може да го чини кариера.

Неговата љубовница дури и го посетувала за време на симпозиуми. Аферата траела осум месеци.

Во тој период нејзиниот сопруг започанал да се сомнева, по што одлучил да спроведе своја приватна истрага.

Набрзо дознал сè, па од телефонот на својата сопруга му пратил јасна порака на докторот со содржина: “Знам сè!”

Нејзиниот сопруг не застанал тука. Имено, тој на докторот му се заканил со “лекарскиот суд на честа”.

На сослушувањето Смит ја негирал врската со пациентката, но не сметал дека таа ќе признае сè. Моментално се чека конечната одлука за иднината на неговата кариера.

А за да биде иронијата уште поголема, докторот се прославил со книгата: “Водич за слабеење преку сексот”

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1