Кабелските оператори ќе ги исклучуваат FOX, Fox Movies, 24 Kitchen, Sport Klub…


Вкупно 35 локални кабелски оператори во земјава ќе мора да ги исклучат каналите „Фокс“, „24 часа кујна“, „Спрот клуб 1, 2, 3“ кои се во рамките на дигиталниот пакет на Македонски телеком и „Фокс“, „Фокс ккрајм“, „Спорт клуб прајм“ „Спорт клуб ХД“, „Спорт клуб плус ХД“, „Спорт клуб премиум“ кои се во пакетот на ХД Тотал бидејќи ги пренесувале овие канали без да обезбедат дозвола за реемитување од Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуги.televizija

Ова се препорачува во вонредниот програмски надзор на Агенцијата на  49 оператори во земјава извршен пред два дена.

Во извештајот се констатира дека 35 од операторите на јавните електронски комуникациски мрежи вршат реемитување на сервиси спротивно на одредбите од Законот за аудио и аудио визуелни услуги, без дозвола од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги , туку со дозволи од други држави.

Агенцијата констатира дека во дозволата за телевизиско емитување на овие програмски сервиси не е наведено дека може да се реемитуваат во српска верзија како што се практикува од 35- те оператори.

Со решението од 27 јануари сите оператори се опоменуваат и се бара да се исклучат наведените програми.

Агенцијата ќе изврши надзор, и како што се наведува доколку не се постапи по барањето ќе поведе прекршочни пријави.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1