Најбезобразната кражба во Скопје фатена на камера (Фото)


Со црно капутче, црна сукња и црни чизми- пристојно облечена жена во средни години стои покрај детска количка. Последно на кое ќе помислите гледајќи ја оваа фотографија е дека оваа жена краде додека мајката на детенцето седнато во количката избира парче детска облека, пренесува Сител.screenshot.141

Безбедносната камера на еден скопски трговски центар го уловила моментот кога оваа жена од ранчето закачено на количката успева да украде новчаник полн со пари и документи.

Целиот настан трае само неколку секунди а сведоштвото на мајката објавено на социјалните мрежи е предупредување до сите оние кои во овие денови на попусти безгрижно шопингуваат со своите деца.

Случајот веднаш бил пријавен во полиција па сега оваа снимка од камерите во трговскиот центар ќе биде главен адут за нејзино пронаоѓање.

Видео на следниот ЛИНК 

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1