Забранет увоз на пилешко од Бугарија поради птичји грип


Агенцијата за храна и ветеринарство забрани увоз и транзит на живина и диви птици, производи и нуспроизводи од живина и диви птици, како и јајца по потекло од Бугарија, зона под надзор во радиус од 30 км од местото Пода, во регионот Бургас, поради појава на птичји грип H5N1. Времената мерка е со цел да се спречи евентуално пренесување на високо патогената авијарна инфлуенца во Македонија, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).pilesko

За појавата на птичји грип во регионот на Бургас, АХВ во понеделникот ја информирале бугарските ветеринарни власти, а официјална потврда за болеста во вторникот е пратена и од Европската комисија.

Од АХВ информираат дека на сила останува забраната за увоз од Германија (зона под надзор во радиус од 30 километри од градот Анклам, во регион Ланд Мекленбург- Вестерн), а од листата на забранети земји за увоз симнати се Велика Британија и Холандија и Италија. Поради континуирано присуство на оваа болест, за земјите од Африка и Азија останува забраната за увоз.

На бесплатната телефонска линија на Агенцијата 0800 – 3- 22 -22, како и до ветеринарните станици, граѓаните можат да пријават евентуално угинување на диви птици, се вели во соопштениетo на АХВ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1