Еве кој има највисоки а кој најниски плати во Македонија


Вработените во воздухопловниот транспорт во ноември земале просечна нето-плата од 87.132 денари што ги става на прво место според висината на приходите во државата.piloti

Вработените во маркетинг секторот како и во делот на производство на машини и други уреди бележат најголемо процентуално зголемување на платите во ноември. На листата на топ пет по раст на платите се и вработените во секторот за производство на електрична енергија како и во делот на канцелариски работи и помошни дејности кај финансиските услуги.

Од друга страна најголемо процентуално намалување на платите во ноември имале вработените во индустријата за производство на моторни возила, по нив следуваат вработените во туристичките агенции, а на листата на вработени кои примиле помали плати се и работниците во делот на поправка на компјутери, осигурителни и реосигурителни компании, како и во издавачката дејност. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за стаистика, според кои просечната исплатена нето плата во ноември пораснала 2,5%.

Сепак без оглед на тоа кој колкаво зголемување на платата има на врвот на листата со најголеми месечни примања се вработените во воздухопловниот транспорт кои според Заводот за статистика имаат просечни месечни плати од 87.132 денари или околу 1.400 евра.

По нив, скоро двојно помалку земаат вработените во маркетин секторот кои се на втората позиција за најплатени работни места со просечна плата од 49.048 денари.

На трето месето, според податоците на статистиката за ноември се вработените во секторот за помошни финансиски дејности, со плати од 48.416 денари, следат вработените во фармацевтската индустрија со просечна плата од 39.450 денари и вработените во секторот телекомуникации со просечна плата од 39.416 денари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1