Доктори си оделе порано дома, Тодоров бара одговорност


Во електронската евиденција стоело дека се на работа, но не биле на работното место.

Според информациите на Сител директори , лекари и медицински сестри од скопските клиники вчера порано си заминале дома, а пациенти чекале за преглед.lekari

Ова вчера во вонредната контрола го констатирале 40-тина инспектори од Министерството и Фондот за здравство.

Сител на една од клиниките го затекна и министерот за здравство.

-Пациентите си чекаа во амбуланта, вели контролор од ФЗОМ.

-Тоа што е петок не треба да си заминуваат порано дома, вели Никола Тодоров, министер за здравство.

Тодоров најави дека ќе побара од сите менаџери на клиниките да проверат каде биле нивните вработени и да бидат преземени соодветни мерки согласно законот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1