Докторите во чудо: Трудница носи дури 13 деца


Докторите во Ирак останале во чудо кога на ултразвук кај една трудница од околу четриесет години виделе дури 13 фетуси.

Жената во текот на бракот родила 7 деца, од кои две се близнаци, а последното дете го родила пред 5 години. Поради тоа што не можела да забремени во тие последни пет години, нејзиниот сопруг се оженил со друга жена. Тој раскажал дека истовремено е среќен и загрижен, пренесува Плусинфо.NB-83696-635162332108580077

– Многу сум среќен поради новата бременост на сопругата, а истотака сум загрижен како да го сочуваме овој блажен дар. Беше големо изненадување што мојата сопруга носи 13 деца и сега се трудам да обезбедам посебна грижа за неа, бидејќи по нејзинотот породување, може да бидам единствениот татко на светот кој има толку голем број на близнаци – изјавил нејзиниот сопруг.

Сепак оваа ризична бременост веќе оставила неколку последици.

– Првите тестови покажале дека четири деца се мртви, и дека срцата не им чукаат. Другите се во одлична состојба – изјавил докторот Ал Џабури, специјалист од рачката болница Такрит.

Тој додал дека здравствената состојба на мајката е во најдобар ред и дека ова е еден од најретките случаи во историјата.

– За жал очекуваме дека уште деца ќе умрат кога жената ќе биде во понапредната бременост и дека децата кои ќе бидат родени ќе бидат многу мали – додал докторот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1