Докторка на дежурство кај родилките во Чаир: „По 17 породувања убаво е кога ќе те прашаат дали се чуваш“


Докторка од гинеколошкиот оддел во Чаир објави Фејсбук статус во кој ја искажува благодарноста за визирите кои ги добила за време на дежурство.

Уште еден доказ дека и во Македонија има добри момци и херои и дека тоа се цени:

Чаирско дежурство… 17 породувања.

И кога мислиш дека само дежурната екипа и родилките останале на светов – некој ќе ти се јави и ќе те праша дали се чуваш и пред да почне полицискиот час ќе побрза да ти донесе визири.

И наеднаш светот станал поубаво место за живот!!!

Фала до Ристе, Ненад, Александар и до сите чие име сѐ уште не го знам.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1