Докторот на американските гимнастичарки осуден на 60 години затвор за силувањата


Поранешниот долгогодишен доктор на американскиот гимнастичарски тим Лери Насар е осуден на 60 години затвор поради сексуално насилство, што го извршувал повеќе години, а чии жртви биле американските олимпијки Ели Рајсман, Габи Даглас и Мекајл Марони.

Повеќе од 125 жени го обвинија Насар дека сексуално ги злоупотребувал. Повеќето се занимавале со гимнастика, некои од нив на највисоко ниво, а некои за време на студирањето на Универзитетот Мичиген, каде што Насар, исто така, работел. Некои од нив биле малолетни.

Тој може да биде пуштен од затвор најрано за 25 години.

Судијката Росемари Аквилина по изрекувањето на пресудата најави дека казната ќе биде поголема од минималните 25 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1