Игор Дурловски, Игор Дурловски – скандираше публиката пред почетокот на „Набуко“ во МОБ (видео)


Игор Дурловски, Игор Дурловски, скандираше вечерва публиката во Македонската опера и балет. Непосредно пред почетокот на операта „Набуко“ која вечерва е на репертоарот на МОБ, дел од публиката присутна во салата го искажа својот револт од приведувањето и притворот на еден од најдобрите, ако не и најдобар македонски оперски пејач, Игор Дурловски.

По извикувањето на името на оперскиот пејач, според информациите на Република, присутните не го попречиле почетокот на операта.

Публиката негодува што македонскиот талент се наоѓа во притворот Скопје или познат како Шутка. Дурловски е еден од 36-те осомничени за тероризам. Тој се наоѓа во притвор од 29 ноември годинава, а заедно со него се актерот Владо Јовановски, режисерот Борис Дамовски, твитерџијата Богдан Илиевски, шестмина пратеници, од кои тројца во домашен притвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1