Антрополозите ја откриле врската помеѓу споредбената должина на вториот и четвртиот прст на раката кај повеќето примати и нивната палавост. Според овој индекс, неандерталците и другите човечки претци биле вистински љубовни ѕверови.
Според теоријата, нивото на машките хормони во утробата на мајката влијае врз растењето на показалецот и домалиот прст. Високото ниво на андрогените водат до пократок показалец и подолг домал прст.
Преднаталното ниво на тестостерон има врска со многу карактеристики, во поглед на машкоста, како агресија и желбата за доминација. Тоа се изразува и врз понатамошната желба за поголем број сексуални партнерки.
Приматите кои се склони кон промискуитет имаат пократки показалци, додека кај моногамните видови пократок е домалиот прст.