Партијата ДОМ, која беше дел од владината коалиција, излегува од таму, поради актуелната политичка ситуација.
На седница на Извршниот одбор на ДОМ, во втроник, била разгледувана политичката ситуација во земјата и била донесена одлука за излегување од владината коалиција.
„Беше заклучено дека со овој чекор ДОМ ќе помогне во разрешувањето на длабоката политичка криза која е закана за стабилноста на Република Македонија. Оваа одлука ќе биде предложена на Централниот одбор што ќе се одржи деновиве“, се вели во соопштението.
Makfax.mk