Републиканецот Доналд Трамп и демократот Хилари Клинтон освоија најголем број победи на предизборите во рамките на своите партии, одржани во „супер вторникот“.
Хилари Клинтон победи во седум држави, меѓу кои и Вирџинија и Џорџија, каде во 2008 изгуби од Барак Обама. Берни Сандерс од редовите на Демократската партија не е губитник. Сенаторот од Вермонт доби голема поддршка во својата држава, а победи и во Оклахома, Колорадо и Минесота.
Трамп победи во шест сојузни држави, вклучувајќи ги и Вирџинија и Масечусетс. Ноќта на големата прослава, најбогатиот кандидат во трката за Белата куќа ја мина на Флорида, следната важна станица. Американските медиуми забележуваат дека Трамп се обидувал да делува претседателски и да ја ублажи својата реторика, пренесува ХРТ. Sенаторот Марко Рубио ја забележа својата прва победа на предизборите и тоа во Минесота.
Следен важен датум во борбата за партиската номинација е 15 март, кога предизбори се одржуваат во неколку сојузни држави, меѓу кои и Флорида и Охајо.