ФАНТОМСКИ ГЛАСАЧИ НЕМА: Во Избирачкиот список спорни се над 90.000 Албанци иселени од Македонија


Нешто над 100 илјади полнолетни граѓани, државјани на РМ, кои се во базата на МВР ги нема во базите на другите 10 институции што ги споредува Државната изборна комисија, дознава „Дневник“ неофицијално од извори во ДИK. Првичните информации говорат дека не се работи за фантомски гласачи, туку за македонски државјани со валидни адреси, но кои ги нема во актуелните бази со кои располагаат домашните институции последните неколку години, објавува ДНЕВНИК во денешното издание.izbori livcinja

Ова практично значи дека во последните години не се евидентираат како невработени, немаат имот на свое име, не се пријавени во Фондот за здравствена заштита или пак, во пензиските фондови.

Најмногу од овие државјани, речиси 90 отсто, се заведени во општините Гостивар, Струга, Тетово, Kуманово, Теарце, Врапчиште, Чаир, Боговиње, Липково, Желино… Според етничката структура, од државјаните што ги немало во првичните бази во институциите, нешто под 90 илјади се Албанци, а преостанатите се Македонци и други.

Гостивар и Струга со најмногу иселени?

Од друга страна, изворите од ДИK предупредуваат дека овие бројки с` уште се многу базични и дека се работи само за првично, површинско вкрстување и оти следува длабинска проверка со историските бази на овие институции, па се очекува оваа бројка на македонски државјани што имаат адреси според МВР, ама ги нема во другите бази да се менува.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1