Американскиот бизнисмен и инвеститор Доналд Трамп е заинтересиран за изградба на луксузен хотел во Белград и во следните два месеца ќе испрати екипа од свои соработници да изберат соодветна локација.
Ова го соопшти по средбата со Трамп во Њујорк српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој присуствуваше на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена за Косово.
– Еден ексклузивен хотел од синџирот на Доналд Трамп ќе придонесе многу за имиџот на Србија и ќе претставува магнет за другите инвеститори, оцени Дачиќ.
Тој додаде дека американскиот бизнисмен бил заинтересиран и за инвестиции во други области, како на пример енергетиката.