Донесен Законот за јазиците, ќе удри ли Иванов вето?


Со 69 гласа „за“ и ниту еден против, пратениците во Собранието го донесоа Законот за употреба на јазиците.

Бидејќи станува збор за закон за кој е потребно и мнозинство гласови од пратениците кои припаѓаат на помалите заедници во Македонија, законот е изгласан со двојно мнозинство односно пратениците од помалите заедници гласаа уште еднаш по што од 28 „за“ беа 27, а еден беше „против“.

Меѓутоа, не се исклучува можноста претседателот Ѓорге Иванов да удри вето на овој закон, кој најави дека таква одлука ќе донесе откако ќе биде готово законското решение. Тој имаше и критики за законот во неговото новогодишно обраќање пред пратениците на 26 декември кога рече дека тој е закана за унитарноста на државата.

Ако Иванов стави вето, Законот за употреба на јазиците ќе се врати во собраниска процедура и за да биде донесен ќе биде потребно двотретинско мнозинство односно и поддршка од дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на денешното гласање бидејќи ја бојкотира работата на Собранието поради притворот на шестмината пратеници.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1