Со почеток во 15:30 часот, денеска во живо на Канал 5 телевизија ќе се одржи огромна хуманитарна акција за помош на нашите соседи кои се соочуваат со катастрофалните поплави.
Канал 5 организира отворено студио, каде ќе можат сите граѓани да доенесат неопходни основни работи со кои ќе им се даде барем малку надеж и помош на погодените од поплавите.
„Канал 5 и Македонија за Србија и Босна и Херцеговина“ е мотото под кое ќе се одржи оваа акција, а од телевизијата очекуваат голем одзив и имиња од јавниот живот да дојдат во студиото и да помогнат.
Од телевизијата потенцираат дека не станува збор само за собирање парични средства, туку и секаков вид храна со подолг рок на траење, облека, средства за хигиена и многу други работи кои ќе значат голема помош за нашите соседи.
Приклучете се и вие во овој голем хуманитарен настан!