Донирал сперма, а сега му бараат да плаќа алиментација за детето (Фото)


donator2

46-годишниот Вијалам Марота во 2009 сакајќи да направи добро дело, се јавил на оглас на двојка која барала донатор на сперма.

Вилијам ја донирал својата сперма на лезбејска двојка која нудела и пари за донацијата, но Вилијам решен да направи добро дело ги одбил парите и семето го донирал бесплатно.

Се родило бебете, а Вилијам немал поим бидејќи потпишале договор дека се откажува од сите права.

– Кога го донирав генетскиот материјал потпишав дека се откажувам од родителско право и финансиски должности – вели Марота.

donator1

Анџела Бауер и Џенифер Сшрејнер во 2009. година му издале и писмена потврда на Вилијам дека нема правно да го сметаат за татко на детето, како и дека нема да сноси никаква одговорност за сега тригодишното девојче, објави Ројтерс.

Лезбејската двојка се разделила, а државата сега од него побарала да плаќа алиментација за детето. Во октомври минатата година државата Канзас од него побарала да почне да плаќа алиментација,повикувајќи се на законот според кој донорите на сперма, донацијата мора да ја извршат со посредство на лиценциран лекар. Бидејќи немало лиценциран лекар во овој случај тој сега мора да плаќа.

sperma donator

,, Ова е потполно неочекувано. Првата работа која ми помина низ глава е дека ниедно добро дело не поминува неказнето, изјавил Вилијам кој во судницата барал поништување на оваа пресуда.
,, Детето е нивно не е мое. Тие ја растат, јас немам врска со тоа,, – вели тој.

Експертите велат дека ваквото произволно толкување на законот би можело да го обесхрабри потенцијалните донори во иднина да им помогнат на двојките кои што не можат да имаат деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1