Донирал улични светилки во Росоман, сега бара да му ги платат


Фирма донирала улични светилки во Росоман за време на претходната локална самоуправа, а сега од новата бара да се платат. Во спротивно, ќе ги демонтира светилките. Во изјава за МИА, градоначалникот Бранко Јанев појаснува дека се работи за фирма што донирала светилки, а општината поседувала и документ испратница, во кој стоело дека локалната самоуправа немала обврска кон донаторот.

-Се работи за околу пет илјади евра. Нема никаков договор за купопродажба на светилки – дециден е градоначалникот.

Според Атанас Стојанов, советник во Советот на општината, станува збор за валкани игри од минатото и општината не треба да плаќа, доколку нема валидни документи дека е должник.

Неговиот колега Јованче Јошев исто така му дава поддршка на градоначалникот во надминување на проблемот, истакнувајќи дека сепак е најдобро да се консултираат и правниците, за општината да не излезе губитник во овој наследен случај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1