Донирате за Сара – парите за црква – бројот е стар и затворен 2011 – кој кого измами?


Хуманите граѓани утрово наседнаа на апел за помош стар две години, па наместо за операција на двегодишно девојче, донираа пари за изградба на црквата “Св. Константин и Елена” во Скопје, пишува Плусинфо.

Сеуште не е познато дали станува збор за смислена манипулација или несовесно однесување. Според порталот Плусинфо, непознат сторител од форумот на порталот „Идивиди“ ископирал апел за помош за донирање на пари за операција на двегодишно девојче, кој е стар дури две години.

donacija

Пораката која прв пат е објавена во 2010 година, а денеска ги измами граѓаните гласи:

„На двегодишната Сара Ѓорѓиевска ѝ е откриен тумор на мозокот кој треба итно да се оперира. Шанса и надеж да ѝ помогнеме е операција во болницата ACIBADEM во Турција која чини околу 30.000 евра. Ве молиме помогнете бидејќи секоја донација ќе биде добредојдена. Трансакциската сметка на Сара е 200002201109539 на Стопанска банка. БРОЈ ЗА ДОНАЦИИ: 070 143143. Од срце Ви благодариме“.

crkva izgradba– Оваа донација за Сара е затворена во 2011 година. Согласно законските процедури бројот сега е пренаменет. Некој утрово од стар форум од август 2010 година, ископирал апел за помош при тоа не земајќи предвид каква штета направил. Ваквата неодговорност на поединци лошо влијае на броевите за донација и оди на штета на децата кои имаат реален здравствен проблем и потреба од тие средства што им се донираат, изјавиле за Плусинфо од Фондацијата Т-Мобиле за Македонија.

Од Фондацијата Т-мобиле напоменувале дека бројот кој е наведен во стариот апел, сега е актуелен како број за донација за изградба на  црквата „Св. Константин и Елена“, пишува порталот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1