Досега нема регистрирани штети по утринскиот земјотресот


Земјотрес со локална јачина од пет степени според Рихтеровата скала беше регистриран утрово во 4 часот и 54 минути, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 50 километри југозападно од Скопје.

Освен вознемиреност кај граѓаните, засега не се пријавени штети од силниот земјотрес што го стресе подрачјето на Гостивар рано утрово. Епицентарот на земјотресот беше во Леуново, на територијата на Општина Маврово и Ростуше, а доколку ги има, тие да може да се пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195.

„До сега нема пријави за причинети штети. Утрово исконтактирав со локални жители на селото, полицијата како и со одговорните во хотелот Радика, кој е во Леуново и од сите добив информација дека нема последици. Се надеваме да остане така. По силниот земјотрес почувствуваме неколку потреси со послаб интензитет, што е очекувано.“, рече во телефонски разговор за Gostivarpress.mk , градоначалникот на Маврово и Ростуше Медат Куртовски.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот најмногу се почувствувал во Гостивар и во Маврово со 5 степени според европската макросеизмичка скала, во Тетово и во Скопје со 4, а во Битола, Прилеп и во околината со 3 степени.

Според Евромедитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствувал и во Албанија.

Околу 6 часот и 23 минути е почувствуван уште еден потрес со јачина од 3,6 степени, што се толкува како афтершок по првиот удар.

Досега не се регистрирани материјални штети или повредени во потресот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1