Документ од американското федерално биро за истраги (ФБИ) од 1950 година, кое се однесува на непотврден извештај дека во областа на Ново Мексико се забележани летечки чинии, е најчитан фајл на оваа служба во електронска форма.
Документот датира од 22 март, 1950 година кога шеф на ФБИ беше Јован Едгар Хуверу. Извештајот првпат беше претставен на јавноста кон крајот на 70-те години. Од ФБИ во 2011 година беше дозволен пристап до електронската верзија на околу 6700 јавни документи, со изјави за наводната летачка чинија која се појавува во Ново Мексико, а кои се прегледани речиси над еден милион пати.
Во извештајот само се наведува дека непознато лице ја пренело информацијата дека истражителите на воената авијација го пријавиле случајот за три летачки чинии кои биле забележани над Њу Мексико. ФБИ документот само го означил за архивирање, но случајот никогаш не бил дополнително истражуван.
Некои делови во овој документ се затемнети така што не можат да се забележат, а меѓу другото не се забележува ниту името на лицето кое ја доставува оваа информација. Според тој извештај, во секоја од трите летачки чинии имало по три суштества со човечки облик во метална облека слична на онаа која ја носат тест пилотите. Овие суштества наводно биле високи околу еден метар.
Според оваа информација , летачките чинии се откриени токму во Ново Мексико затоа што американските власти во таа држава имале најнапреден радарски систем во тоа време. Веројатно случајот опишан во овој документ нема никаква врска со случајот во Розвел во 1947 година.
Потоа наводно, припадниците на воената авијација, исто така приметиле летачки чинии, за да подоцна се испостави дека биле балони наменети за истражување.
„Неколку години по инцидентот во Розвел, директорот Хувер наложил на своите агенти, на барање на Военото воздухопловство, да на лице место утврадт било какво присуство на НЛО, соопштиле од ФБИ.
Во соопштението се додава дека тоа е прекинато по неколку месеци, во јули 1950 година и четири месеци по поднесувањето на документот, кој сега е една од најчитаните во архивите на ФБИ. Тоа, според оценките на таа агенција, значи да оделението во Вашингтон заклучило дека нема потреба од понатамошно истражување по таа приказна.