Доставена Предлог-одлука за распуштање на Собранието


Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и ДУИ денеска до претседателот на Собранието доставија Предлог-одлука за распуштање на Собранието на РМ, која би се применувала од 24 февруари. kutii izbori
Пратениците, како што се наведува во барањето, со оглед на исклучителната важност на ова прашање, предлагаат предлог на одлуката да се разгледа на првата наредна седница на Собранието на Република Македонија. Исто така тие предлагаат оваа одлука да се применува од 24 февруари оваа година.

– Тргнувајќи од потребата за целосна имплементација на законите донесени од страна на Собранието на Република Македонија, а во насока на конечно завршување на политичката криза предлагаме донесување на оваа одлука. Исполнувањето на обврската за распуштање на Собранието е во насока на исполнување на чекорите кои партиите ги преземаа, а во насока на воспоставување стабилни односи во политичките процеси и економски напредок на Република Македонија, како и евроатлантските интеграции како врвен приоритет, се наведува во образложението што пратениците заедно со барањето за Предлог одлуката го доставија до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

Претходном, денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерите на коалициските партнери и лидерите од Коалицијата „За подобра Македонија“ соопштија дека донеле одлука врс основа на договорот од Пржино предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април оваа година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1