Честопати сопружниците се премногу зафатени за да поминат заедничко време и да се посветат еден на друг. Секој однос бара да се работи на него и да се гради. Психологот Michele Weiner-Davis, авторка на популарната книга Divorce Busting вели дека една обична „вежба“ која треба да ја правите 2 минути еднаш дневно може да ви го спаси бракот .
„Седнете и двајцата на кревет така да еден од двајцата ќе гледа во грбот на другиот. Нека седне вашиот партнер пред вас, а вие зад неговиот грб. Прегрнете го околу половината, прашајте го нешто и слушајте, само внимателно слушајте“, може да зборува за некој настан од детството, за успешен ден на работа – за било што а вие само слушајте. Не дискутирајте за тоа што сте го чуле потоа. Утредента заменете ги улогите – па вие говорете, а тој ќе слуша.
Споделете ги мислите и чувствата
Со оглед на тоа дека не можете да го видите лицето на партнерот и не можете да говорите, тоа време кога тој би требало да зборува за она што го сака. Може да ви открие што сте направиле, дали бил повреден… Може и да молчи, а да ве поврзува прегратката. Како и да е, тие минути ќе бидат само ваши. Правете го ова секој ден, останете блиски.
Ова не е предигра
Ова не е предигра, така што водете љубов во некој друг период, сепак, не заборавајте да водите. Суштинско е и двајцата се уште да се чувствувате посакувано.