Нестабилно време со пороeн дожд, грмежи и засилен ветер попладнево го зафати Скопскиот регион.
Невремето во Скопската котлина, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи за МИА, дошло од Штипскиот и Кумановскиот регион.
До крајот на неделата се очекува нестабилно време со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи. Врнежите локално ќе бидат поројни и понекаде се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Од среда нестабилноста ќе се намалува, но и понатаму ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.