Дожд и град во Берово


Обилни врнежи од дожд и град попладнево во Берово.

potop По високите температури – Нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветар прогнозираа и од Управата за хидрометеоролошки работи за попладневните часови. Температурите денеска ќе се движат до 38-от степен, но се очекува и разладување. Наместа ќе има поизразена нестабилност со невреме и пообилни поројни дождови, грмотевици па и појава на град особено во источниот и југоистичниот дел на земјава.

Истата временска состојба ќе продолжи во текот на неделава. Според УХМР се очекува малку попријатно време, променливо и облачно. Ќе има и сончеви периоди, но во попладневните часови локално ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотрајни поројни дождови, грмежи и со засилување на ветерот. Вредноста на УВ индексот ќе биде околу 7.

Foto – Plus info

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1