Во Македонија ке биде умерено облачно со врнежи од дожд, ветровито и студено со пад на температурите.
Во доцните попладневни и вечерни часови внежите ке престануваат. Во ридско-планинските предели и на планините над 1000 метри висина се очекуваат врнежи од снег. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар. Утринските температури од 2°C до 10°C, а максималните дневни ке се движат од 7°C до 15°C.
Во Скопје ке биде умерено облачно со врнежи од дожд, ветровито и постудено. Ке дува засилен северозападен ветар. Утринската температура од 7°C, а максималната дневна температура ке достигне до 12°C.
Во четврток не очекува студено ии ветровито утро. Во текот на денот ке биде претежно сончево и ветровито. Ке дува засилен северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар. Кон крајот на денот ветерот ке слабее, па така во вечерните часови и во текот на ноќта ке има и појава на магла. Утринските температури од -6°C до 3°C, а максималните дневни ке се движат од 8°C до 16°C.
Во петок по магловитото и студено утро, во текот на денот ке биде претежно сончево и потопло. Ке дува слаб северозападен ветар. Утринските температури од -6°C до 3°C, а максималните дневни ке се движат од 11°C до 19°C.