Доживеала нервен слом кога чула за аферата на Оланд – првата дама на Франција во болница


Елисејската палата ја потврди информацијата на весникот „Паризиен“, според која – првата дама на Франција Валери Триервилер се наоѓа во болница, јавува дописникот на МИА од Париз.

Valeri i olandПридружничката на Франсоа Оланд, новинарката на Пари Мач, Валери Триервилер била примена во болница во петокот попладнето, по растројство по обелоденувањето на магазинот „Клозер“ за врската на шефот на државата со актерката Жули Гаје.

Официјално Валери Триервилер е прва дама на Франција, иако таа со него не е во брачна заедница.

Франсоа Оланд ја напушти својата поранешна исто така невенчана сопруга Сеголен Ројал, веднаш по вториот круг на претседателските избори во 2007 година, кога таа беше кандидатка на социјалистите

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1