Кејт Менсбриџ 43) се откажала од своите соништа дека ќе стане мајка, но, пред 10 години доживеала бизарна несреќа и ѝ се остварил најголемиот сон.
Медицинската сестра од Велика Британија ја поминала менопаузата кога имала 27 години и мислела дека никогаш нема да стане мајка.
Но, на одморот во Франција ја удрил автомобил додека возела велосипед. Автомобилот ѝ ги искршил коските, клучната коска, двата прста на рацете се одвоиле од раката заедно со кожата, ги исчашила рамениците, а претрпела и повреди на главата. Три дена по несреќата не се будела, а лекарите стравувале дека нема да преживее. Како да не било доволно сето тоа што го доживеала, Кејт имала и мозочен удар. Морала да учи повторно да зборува и да пишува.
Кејт успеала да закрепне од тешките повреди, а страотната несреќа ѝ ја донела и најголемата животна среќа. Ненадејниот налет на адреналин во делот од мозокот одговорен за репродуктивните хормони го „разбудил“ тој заспан дел и резултирал со редок феномен – Кејт повторно добила месечен циклус.
Три години подоцна природно ја добила долго посакуваната ќерка Руби.
– Да не беше несреќата никогаш не би ја добила ќерката – рекла Кејт, пренесува „Дејли мејл“.
Кејт плачела од среќа кога ја видела својата миленичка првпат на ултразвукот. Бебето Руби морало да се роди со царски рез поради повредите на колковите.
– Мајчинството за мене е откровение. Понекогаш е исцрпувачко и фрустрирачко, но исто така е вредно, прекрасен подарок што го почитувам уште повеќе откако речиси сè изгубив – заклучила Кејт Менсбриџ.