Доживотен затвор за осомничените во „Монструм“ – Солзи во судот по изречената пресуда (Видео)


Шестммина од седумте обвинети во случајот, добија доживотен затвор поради обвиненија за тероризам. Ослободен од обвининие е Сејди Рама.

Двајца од нив, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, пресудата ја дочекаа во затвор во Косово, каде што се осудени за недозволено поседување оружје, и за кои е поднесено барање за екстрадиција, но, засега нема одговор од Приштина.

presuda monstrum

-Станува збор за првостепена пресуда, која не е конечна и на која странките имаат право на жалба пред Апелацискиот суд. Воедно, Судечкиот совет заради тежината на казните и сериозноста на кривичното дело за кое се осудени ја продолжи мерката притвор за обвинетите А.Д., А.И., А.И., Ф.А., Х.А. и С.Љ. до правосилноста на пресудата, додека за обвинетиот С.Р донесе одлука да се укине мерката притвор, велат од Судот.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

Судењето почна на 20 декември 2012 година, а досега се одржани 37 рочишта.

Видео – Прес24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1