Доживотен затвор за таткото монструм кој намерно го остави синот во врело возило за да умре


Откако минатиот месец беше прогласен за виновен дека намерно го оставил својот двегодишен син да почине во врелиот автомобил, судијката од Врховниот суд во понеделникот го осуди Џастин Рон Харис (36) на доживотен затвор без можност за помилување, пренесува „Би-Би-Си“.tatko-dete-640x360

Детето почина во јуни 2014 година на паркинг во Атланта, Џорџија. Остана врзан во своето седиште во автомобилот седум часа, додека температурата надвор била 31 ̊C. Во автомобилот температурата стигнала и до 49 степени, па момчето по неколку часа починало. Обдукцијата покажа дека причина за смртта е хипертермија, поточно состојба на зголемена телесна температура.

Неговиот татко тврдеше дека заборавил на своето дете и дека се било несреќен случај.

За време на судењето објавени се непристојните пораки кои им ги испраќал на малолетници додека неговиот син умирал во возилото. Покрај тоа, неговата интернет историја покажала дека Харис пребарувал „деца во вжештени автомобили“ и „како да се преживее затвор“. Обвинителите тврделе и дека тој сакал да ја остави сопругата, но не можел додека нивниот син бил жив.

Бидејќи се работи за „застрашувачко и ужасно злосторство“, судијата му доделила максимална казна од 32 години, на што се додаваат и казните за сексуални злосторства и суровост кон дете, по што севкупно му е одредена доживотна казна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1