Дознајте ја вистината: Како се подготовува храната во „Мекдоналдс“ ВИДЕО


Блогерот од Лондон, Даг Армстронг сними видео кое го прикажува целиот процес на подготовка на популарните сендвичи на „Мекдоналдс“ – „Биг Мек“.

Во седумминутното видео може да се види како Армстронг посетува една од фармите од каде овој најпознат синџир на ресторани за брза храна во светот набавува месо, а потоа и фабриката каде што се преработива месото.mek-hrana

Низ процесот го водат Сем, кој е одговорен за квалитетот на намирниците и Стив, кој е вработен во фабриката за месо на „Мекдоналдс“. Според она што е прикажано на видеото во прашање е само врвна технологија на целиот процес.

Секако, тоа предизвика реакции на голем број читатели на блогот на Армстронг, кои изразија згрозување од ваквата реклама на „Мекдоналдс“.

Еден од нив праша: „Дали некој некогаш во некој од рестораните на „Мекдоналдс“ видел хамбургер каков што е прикажан овде“, додека друг додаде: „Сигурно не верувате во она што е прикажано овде?“.

Во третиот дел од видеото Армстронг сам си подготвува „Биг Мек“, а потоа, секако, ужива во него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1