Дознаваме: Кајмакоски ќе запее на спектакуларниот концерт на Јоксимовиќ


Јоксимовиќ не сакаше да открие кои ќе му бидат гости на претстојниот концерт во Скопје, но Курир дознава дека Даниел Кајмакоски ќе запее со него на сцената.

daniel zeljkoГолем спектакл, убава музика, преполна арена Филип Втори, познати хитови и забава. Ваква се очекува да биде ноќта на 21 јуни, кога балканскиот шармер Јоксимовиќ ќе направи концерт во Скопје.

Зад овој голем концерт застана План Б продукција, која ги организира гостувањата во Македонија на најголемите балкански ѕвезди.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба веќе од четврток по промотивна цена од само 200 денари за трибина и 250 за партер до 10 јуни. Влезниците пак за оние најголемите фанови кои што сакаат да влезат во зоната за најверни обожаватели, ќе чинат 400 денари и се во ограничен број. 

Можете да ги најдете низ сите продажни места во земјава. Причината за ова е желбата на Жељко, сите што ја сакаат неговата музика, сите што ги знаат неговите рефрени, да можат да си дозволат таа сабота на 21 јуни, во еден глас да пеат со својот миленик. Она што овој концерт уште во најава го прави спектакуларен е идејата на организаторот во функција на публиката и многубројните фанови да бидат ставени трите трибини, јужна, северна и источна.

Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1