36 повредени во судирот меѓу воз и автобус – меѓу нив и бремена жена


Триесет и шест лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа се случи утрово меѓу шинобус-воз и автобус во близина на бензинската „Мики петрол“ на патот Штип-Велес.

voz-1Директорот на Клиничката болница во Штип Александар Стојановски информира дека 16 лица, патници од автобусот, се донесени во болницата, и сите се во стабилна состојба. Најверојатно уште 20 повредени се пренесени во велешката болница.

– Сите 16 лица се во стабилна состојба, а 11 моментално се на хирургија. Еден поради повреда на рбетот е испратен во Скопје, изјави Стојановски.

Поголем број повредени во несреќата се пренесени и во велешката болница.

foto12-500Како што информираат од болницата во Велес, тројца со потешки телесни повреди се испратени во Скопје. Од нив, еден е неконтактибилен, а другите се со повреда на кичмата и ребрата. Двајца се пуштени на домашно лекување, а останатите се на хирургија и им се спроведуваат прегледи.

Меѓу повредените е и една бремена жена која е во добра состојба. Бремената жена била пренесена во велешката болница

Според неофицијалните информации возот се движел на релација Кочани-Скопје, а автобусот на „Струмица експрес“ сообраќал на релација Струмица-Штип-Велес.

Поради несреќата, во прекин е сообраќајот во делот од Овчеполската крстосница до Сарамзалино.

foto6-500

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1